8.8 C
Скопје
09:18 - 15 март, 2026

(Видео) Девојче од публиката на концертот на Александра Пријовиќ во Сараево го „украде шоуто“, пееше на сцената

Александра Пријовиќ синоќа го одржа четвртиот концерт во Сараево во рамки на турнејата „Од исток до запад“, а на сцената ѝ се придружи специјален гостин – мало девојче кое заедно со Александра го отпеа рефренот од песната „Девет живота“.

@mirko.marinkovic5 #zetra#sarajevo #aleksandraprijovic ♬ original sound – Mirko Marinkovic

Пријовиќ со енергични музички изведби ја подигна атмосферата во салата Зетра и на публиката ѝ подари ноќ за паметење. Публиката со ентузијазам ја пречека пејачката, а музичкиот спектакл започна во 21 часот.

Како и секогаш, Александра за својата верна публика приреди изненадувачки гости, а на сцената ѝ се придружија Емир Ѓуловиќ и легендарниот Халид Муслимовиќ.

@amrakumro #emirdjulovic #aleksandraprijovic #sasalazic #radovanfatic #amrakumro #fypシ゚ #fyyyyyyyyyyyyyyyy #foryoupage #viral_video #balkantiktok #zetra #sarajevo ♬ origineel geluid – Amra Kumro (estradni portal)

Пријовиќ со вечерашниот концерт успеа да го собори рекордот и да влезе во историјата како единствен изведувач кој одржал четири концерти во Зетра.

@estrada.nastupi Aleksandra Prijović i Halid Muslimović Zetra Sarajevo Live #zetra #aleksandraprijovic #zetrasarajevo #halidmuslimovic ♬ original sound – estrada.nastupi

Каде и да се појави Пријовиќ ја воодушевува публиката која пее заедно со нејзиниот збор до збор, двата постари хитови – „Легитимно“, „Саботирам“, „Богата сиротиња“, како и песните од последниот албум „Девет живота“, како и песната „Последњи кабаре“ која ја објави овој јануари во знак на благодарност на нејзините многубројни обожаватели.

Со овој концерт завршува нејзината турнеја „Од исток до запад“, која реши да ја заврши со по еден концерт во Загреб и во Белград.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....