21:18 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) ДЕДО МРАЗ ДОАЃА ВО ГРАДОТ: Сара Мејс и божиќните девојки со празнично музичко изненадување

Освен како сезона на споделување убави нешта и зближување со најблиските, зимскиот период е познат и како време за уживање во звуците на најубавите празнични евергрини, достапни низ целиот свет со илјадници изведби во различни стилови и јазични верзии од голем број на пејачи и музичари.

Сара Мејс, заедно со Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска, на прагот од 2022 година, на македонската јавност ѝ подготвија вистинско празнично музичко изненадување.

Новата изведба на познатата „Santa Claus is coming to town“, во оригинална а капела преработка, е дел од новогодишниот проект на Sarah Mace & the Christmas Girls, насловен како „A Cappella Christmas Carols“.

Аранжманот е на Теа Богатинова, песната е снимена во студиото „Алшар“, а видео записот е снимен за време на снимањето на албумот, кој што брои вкупно 8 песни. Истите ќе бидат откриени до крајот на оваа година и дополнително ќе ги разубават празниците на сите генерации.

Уживајте. 

 

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....