23:26 - 13 ноември, 2026

(Видео) Данијела Димитровска првпат за страшната несреќа во која речиси загинала: Преживеала по чиста среќа!

Поранешната српска манекенка и поранешна сопруга на водителот Огњен Амиџиќ, Данијела Димитровска е една од најубавите и најнасмеани жени на српката сцена. Сепак, иако нејзините објави на социјалните мрежи се претежно позитивни, поради што некои луѓе можеби ќе добијат впечаток дека сè во нејзиниот живот е „мед и млеко“, вистината е дека не било секогаш така.

Всушност, во еден момент Данијела се нашла во сериозна опасност, и само по чиста среќа извлекла жива глава. Познато е дека пред шест години, на 2 јули 2019 година, доживеала голема несреќа, а сега за првпат проговорила за сè.

Данијала споделила на Инстаграм фотографија од икона со Свети Јован Шангајски, кој се слави на 2 јули. Данијела датумот на овој празник го слави како свој втор роденден.

– Го славам мојот втор роденден. На 2 јули 2019 година, по некое чудо останав жива, ќе зборувам за тоа друг пат, но оттогаш го носам овој датум длабоко во себе. Затоа оваа икона што ја добив од Петра ми значи повеќе отколку што можам да објаснам. Ви благодарам што создадовте нешто со вашите раце што ќе ме потсетува на сила, благодарност и нов почеток – напишала Данијела Димитровска на Инстаграм.

Инаку, Данијела изминативи денови има и посебна причина да биде среќна, со оглед на тоа што се сврши со својот партнер Јеврем Косниќ по две ипол години врска.

– Прво да дојдам при себе, потоа свадбата. Луѓето доаѓаат, честитаат, испраќаат поздрави. Ми треба малку време да се навикнам на сето ова. Се обидувам да уживам во овој момент – неодамна изјавила таа за српски „Блиц“.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....