9.8 C
Скопје
12:36 - 1 април, 2026

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Поранешната црногорска тенисерка и сегашна инфлуенсерка, Тамара Бојаниќ, предизвика лавина негативни реакции откако сподели видео на ТикТок кој згрози многумина.

Тамара, позната по провокативните објави и заработката на платформите за возрасни, им испрати порака на младите исмејувајќи ги дека инвестираат во образованието и работат на себе.

На видеото кое го објави, Бојаниќ седи на багажникот на луксузниот автомобил Мерцедес Г-класа и гордо го покажува својот друг автомобил од истата марка.

– Еве една порака за сите млади: Ако учите и работите напорно, за неколку години ќе можете да ми ја измиете колата – рече Бојаниќева.

– Научете деца, да не ми е валкан автомобилот – додаде таа во описот на видеото.

Видеото набрзо стана вирално, а наиде на бројни критики и осуди од корисниците на социјалните мрежи. Коментарите продолжија, а многумина истакнаа дека ваквата порака е несоодветна и ги деградира вредностите на трудот и образованието.

@tammbojanic2

Učite deco da mi kola ne bi bila prljava.. 🤪

♬ original sound – tammbojanic

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....