-0.2 C
Скопје
02:51 - 19 декември, 2024

ВЕЛИГДЕНСКИ ХОРОСКОП (22 -26 април): Љубовен пресврт за Близнаците, романтика за Лавовите, семејни проблеми за Раковите…

Овен

Имате променливи расположенија и реагирате импулсивно, па можно е брзо да се впуштите во љубовна авантура. Постои можност за тајна врска. За празничниот период ќе е чувствувате вљубени и накратко – одлично. Единствен проблем? Внимавајте да не се прејадете зашто имате проблеми со стомакот.

Бик

Ѕвездите ви порачуваат овие денови да престанете да мислите на работа и на новите случувања во вашата работна средина. Секако по празниците деловен успех ве очекува првенствено на финансиско поле. Во сабота и недела посветете му се на партнерот и испланирајте заедничко патување.

Близнаци

Вие сте на пресврт во љубовта. Расположенијата ви се променливи и тешко ви е да видите кон што навистина чувствувате. Ситуацијата бара искрено самоиспитување. Можни се празниците да ви поминат во спор со некој член од семејството, затоа избегнувајте големи семејни средби. Проблеми со ‘рбетот.

Рак

Доколку сте започнале приватен бизнис, ќе имате многу причини да бидете задоволни, а во блиска идина ве очекува голем финансиски успех. Затоа овие денови уживајте! Посебната ситуација на љубовен план се одразува во вашите радикални одлуки, според системот „или-или“. Тоа значи дека ако сте незадоволни од вашата врска или брак, но сепак – не вклучувајте се во дискусии и не си ги расипувајте празниците.

Лав

Заминете на патување со саканите! Ако останете дома пак, имате доволно време – проверката на документацијата е она што треба да го направите во овој период. Прекрасен период е пред вас. Без разлика дали сте во брак или во врска, ве очекува период полн со убави состаноци и романтични моменти со партнерот. Намален имунитет.

Девица

Заборавете на работата сосема, секако таа ве очекува – особено на нов проект, уште од вторник. Девиците кои се сингл многу лесно можат да влезат во врска со личност која долго време им се допаѓа. Девиците кои се во врска или во брак сега се во период кога капка може да ја прелие чашата и да донесат радикални одлуки. Пазете се од вируси.

Вага

Во овој период можете да направите детална анализа на минатонеделната ситуација на работа. Некои ситуации не беа пријатни, а тоа може да се однесува на вашите разговори со претпоставените. Проблемите во семејството можат да опфатат цел опсег и да се разгорат токму за празниците: од проблеми меѓу вас и вашиот партнер, до проблеми со децата и нивните околности. Внесете повеќе вода во вашето тело!

Шкорпија

Бизнис планот ви донесе многу предизвици во претходната недела. Тешките деловни преговори и постојаната напнатост и неизвесност го направија својот данок. Сепак, овој викенд ќе имате многу причини за задоволство! Можни се мали расправии со партнерот во петок, но подоцна може да се испостави дека всушност имало конструктивни дискусии за проблемите кои се таложеле подолго време. Променете ја исхраната.

Стрелец

Проширувањето на деловната соработка со странство може да ви донесе голем финансиски успех. И покрај претпочитањето на планетата за соработка со странски земји, објективната проценка на ситуацијата е задолжителен елемент на вашиот бизнис во овој период. Можноста да стапите во контакт со некој од вашите деловни партнери е одлична. Можеби ќе се најдете во голема љубовна дилема, бидејќи во спротивно не сакате да мешате љубов и работа. Проблеми со притисокот.

Јарец

Подобрувањето и пофалбите за постигнатите резултати можат да го одбележат овој период. Доколку имате сопствен бизнис, акцентот е ставен на деловната реорганизација и нов почеток. Вие сте во период кога не може да опстане ниту една врска која не се заснова на искрени чувства. Во таа смисла, може да се најдете пред радикални одлуки. Можни се болки во зглобовите, како и проблеми со колената.

Водолија

Финансиската состојба се стабилизира и се подобрува. Водолиите во наредниот период можат да одлучат за официјализирање на врската и проширување на семејството. Можни се мешање од трета страна, како и интриги и манипулации. Неопходна е претпазливост и навремено решавање на ситуацијата. Здравје, можна е главоболка.

Риба

Преголемиот обем на работа може да ве притисне и за празниците. Сè уште е актуелно прашањето за соработка со странство. Слободните Риби очекуваат познанство со фатално привлечна личност. Едноставно ве плени шармот и тешко ви е да одолеете. Рибите кои се во врска или во брак може да имаат проблеми поради недовербата што ја разбудиле кај партнерот. Болка во вратот.

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ објави досега невидена семејна фотографија: Синот Жељко позира со стегнати мускули

Еспресо

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....