5.8 C
Скопје
02:25 - 1 април, 2026

Веќе не се занимава со глума: Камерон Дијаз лансираше бренд на органско вино

Откако раскрсти со филмскиот свет, актерката Камерон Дијаз лансираше бренд за органско
вино заедно со нејзината пријателка, и тврди дека тоа целосно и го променило животот.
Поранешната актерка отворено проговори за мирот што го нашла откако решила да го напушти
Холивуд. Имено, Дијаз по завидната актерска кариера се насочи кон винарството.

-Мојот живот е сосема поинаков отколку во времето кога снимав филмови, откри актерката за
Harper’s Bazaar.

Пријателките Камерон Дијаз и Кетрин Пауер еден ден заедно испиле по неколку чаши вино и се
запрашале кои се всушност состојките на виното што го пијат.

-Разговаравме за тоа дека стануваме посвесни за она што влегува во нашето тело, го погледнавме
шишето со вино и сфативме дека тоа е еден од ретките производи без наведени
нутриционистички информации и состав – изјави претприемачката Кетрин Пауер.

Тие помислиле дека можат да создадат бренд на чисто вино, направено од органско грозје и без
тајни состојки. Меѓутоа, не знаеле ништо за производството на вино, па одлетале во Шпанија, а
потоа и во Франција за да се сретнат со одгледувачи на органско грозје, на кои потоа им понудиле
соработка за производство на вино розе.

– Го создадовме за потрошувачи како нас. Сакавме да создадеме вински бренд со висок стандард
на производство – истакна Дијаз.

Пријателките го лансираа својот бренд Avaline во 2020 година, среде пандемијата. До денес
нивните производи се наоѓаат на полиците на повеќе од пет илјади малопродажни места во САД,
а сега нивното вино доби нов изглед – шик лименки!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....