12:09 - 3 април, 2026

ВАНДА САЈКС згрозена од ВИЛ СМИТ: „Ми се гадеше, чувствував физичка болка за мојот пријател Крис„

Продолжуваат да пристигнуваат осуди за неоправданиот гест на Вил Смит за време на Ноќта на Оскарите: шамарот со кој ѕвездата на Кралот Ричард го удри Крис Рок предизвика актерот да биде обвинет од повеќето негови колеги, вклучително и водителката на церемонијата, Ванда Сајкс.

Сајкс, која беше водителка на Оскарите заедно со колешките комичарки Реџина Хол и Ејми Шумер го осуди насилниот акт на актерот, изразувајќи ја својата максимална солидарност со Крис Рок.

„Се чувствувавмногу лошо за мојот пријател Крис. Ми се гадеше. Бев физички болна и се уште денес се чувствувам трауматизирано. Исто така и што му дозволив (на Смит, н.з) да остане во театарот за да ужива во остатокот од претставата и да ја прими неговата награда. Си помислив: „Колку е лошо сето ова? Тоа е едноставно погрешна порака. Ако нападнете некого, ќе бидете изведени надвор од објектот, и тоа е се. Тоа што го пуштија да остане е непријатно“, беа грубите зборови за Смит од Ванда Сајкс.

Очигледно дека полемиката нема да стивне уште некое време. Во меѓувреме во последните неколку часа се повеќе се зборува за можноста да му биде сепак, одземен Оскарот на Вил Смит.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....