01:48 - 8 април, 2026

Вака се сака поранешната сопруга: Мустафа Сандал на Емина Јаховиќ за роденден и подарил часовник од ….. евра!

Емина Јаховиќ за својот 38. роденден од екс сопругот Мустафа Сандал, со кого повторно е во врска добила часовник кој чини 45.000 евра.

Пејачката кон крајот на минатата година се смири со турскиот музичар кој ја изненади со скап подарок.

– Емина не сакаше да прави голема прослава за роденденот, туку организираше вечера за семејството и пријателите. Синовите Јаман и Јавуз ја изненадија со торта и цвеќе, а Мустафа го „одврза ќесето“, открил близок пријател на Емина и додал:

Фото: Инстаграм

Емина се изненади кога виде дека и купил ролекс. Му се фрли во прегратка и го бакнуваше пред сите. Го праша неколку пати колку пари чини часовникот, тој најпрвин не сакаше да и одговори, но потоа попушти и кажа, заклучил изворот.

Сепак, ова не било крај на подароците.

Емина и Мустафа не ги тргаат насмевките од лицата откако се смирија. Тој се пофалил дека ќе ја носи заедно со синовите на луксузен одмор во Швајцарија и дека веќе резервирал апартман во еден од најскапите хотели на Алпите, завршил изворот.

Слични објави

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо

Погледнете како Јована Јоксимовиќ навистина се однесува со вработените

E.A.
Се вчитува....