Бројни ѕвезди сакаа да ја изразат својата поддршка за земјата погодена од руската инвазија. Од сини панделки закачени на фустаните и смокинзите, до говорот на Мила Кунис и до едноминутното молчење во театарот Долби.
Меѓу десетиците ѕвезди кои прошетаа на црвениот тепих на ноќта на Оскарите, многумина сакаа да ја изразат својата блискост со украинскиот народ, жртва на неоправданата инвазија на Путин.
Имаше и ѕвезди кои решија да се појават на црвениот тепих со мали „скриени пораки“ во нивните модни комбинации за поддршка на Украина. На пример, некои познати личности закачија сина лента со хаштагот #withrefugees на нивните фустани: меѓу нив актерката Џејми Ли Кертис, композиторот Алберто Иглесијас, Дајан Ворен, Јун Јух-јунг , Паоло Соренто…
Jamie Lee Curtis arrives to the #Oscars red carpet and shows off a blue ribbon in support of refugees. https://t.co/3eglC4UYeF pic.twitter.com/Ewn1t6Z43K
— Variety (@Variety) March 27, 2022
Italia presente agli Oscar,È stata la mano di Dio’,nominata a miglior film straniero!Proud to be’ italian!#Oscar2022 #Oscars #paolosorrentino pic.twitter.com/p2R32mJHPX
— 🌹🎶MUSIC&MORE🎶🌹 By Rose F. (@culture_more) March 28, 2022
Џејсон Момоа, од друга страна, избра да додаде жолто-сино марамче на својот темен смокинг, вметнат во џебот од сакото.
Даг Хемхил, член на персоналот на наградуваниот филм Дина, со игла закачи украинско знаменце на реверот од неговото сако, додека други ѕвезди сакаа да им се слушне и гласот.
Во својот говор за прослава на 50-годишнината од „Кум“, Френсис Форд Копола извика „Да живее Украина“.
Актерката Мила Кунис, со украинско потекло, (која со нејзиниот сопруг Ештон Качер собра повеќе од 30 милиони долари – донација за жртвите во Украина) изведе перформанс кој се однесуваше на она што се случува, без сепак директно да ја именува нејзината земја.
„Во последниве недели, светот беше шокиран од неиспровоцирана инвазија и акт на агресија. Неодамна, глобалните настани оставија многумина од нас длабоко потресени. Сепак, кога некој ќе биде сведок на силата и достоинството на оние кои се соочуваат со такво уништување, невозможно е да не бидете трогнати од нивната издржливост. Човек не може а да не биде со сите оние кои најдоа сила да продолжат да се борат низ незамислив мрак“, рече Кунис.
#JasonMomoa sul Red carpet degli #Oscar2022 con la bandiera dell’ #Ucraina #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/EvGLAvBby7
— JessicaCamargoMolano (@jcamargomolano) March 27, 2022
Академијата, од друга страна, сакаше да ја претстави својата блискост со нацијата на Володимир Зеленски (чие можно присуство на церемонијата се шпекулираше) со емитување видео на кое пишуваше:
„Иако киното е важен пат за изразување на нашата хуманост во време на конфликт, реалноста е дека милиони семејства во Украина имаат потреба од храна, медицинска нега, вода и итни служби. Ресурсите се дефицитарни и ние како глобална заедница можеме да направиме повеќе. Ве молиме да ја поддржите Украина во сите форми“, а потоа следеше едноминутно молчење.