12.8 C
Скопје
13:48 - 18 декември, 2024

Уште една мистериозна смрт на руски олигарх, како починал Александар Субботин? Во мистеријата вклучени се и шамани!

Недостигаа само уште шамани за да го збогатат списокот на повеќе или помалку мистериозните смртни случаи кои се чини дека ги погодуваат високите (или поранешните) лидери на руските енергетски гиганти.

Во неделата Александар Субботин (43), поранешен врвен менаџер на нафтената групација Лукоил, почина пред „портите“ на главниот град по „нетрадиционалното“ лекување, според агенцијата Тас.

Субботин отишол кај шаманите Алексеј Пиндјурин (познат како „Магуа Флорес“) и Кристина Теихриб (прекар: Тина Кордоба) на северо-источниот дел на Москва, за да ја излечи „зависноста од алкохол“, велат некои локални весници (други зборуваат за „ мамурлак“). Шаманите наводно користеле отров од крастава жаба кој го инјектирале, за да го зајакнат имунолошкиот систем.

Набргу по инјекцијата, Субботин наводно имал „срцеви проблеми“. Двајцата шамани не повикале помош, туку му дале хербален седатив во подрумот каде што се случувал „обредот“.

Ваквите гласини (до вчера вечерта) не беа потврдени од локалната полиција. Полицијата ги истражува причините, а ќе изврши и обдукција. Шаманите наводно објасниле дека жртвата се појавила во саботата „во состојба на тешка алкохолна интоксикација и интоксикација со дроги“.

Субботин – чиј имот се проценува на „неколку милијарди“ – бил член на одборот на директори на „Трејдинг Хаус Лукоил“, подружница на нафтениот гигант. Потоа станал сопственик на „Нова транспортна компанија“ со седиште во Висоцк, на неколку километри од Финска. Компанијата беше купена во 2020 година од неговиот брат Валери, поранешен потпретседател за набавка и продажба на нафта на „Лукоил“ и се сметал за наследник на број еден – Вагит Алекперов, кој поднел оставка на 21 април по повеќе од триесет години раководна функција.

Самиот Алекперов во март се надевал на „брз крај“ на конфликтот во Украина.

Со Субботин од почетокот на годината, сомнителните смртни случаи на руски лидери се искачија на најмалку осум. На 30 јануари, Леонид Шулман, шеф на одделот за логистика на Гаспром Инвест, беше пронајден мртов во бањата во неговиот дом. Во кадата – пишуваше локалниот печат – пронајдена е белешка во која „покојникот се жалел на неподнослива болка во скршената нога“. На 25 февруари, Александар Тјујаков – кој работел како заменик-директор во финансискиот оддел на Гаспром, според локалните власти, извршил самоубиство во гаража. На 28 февруари Михаил Ватфорд, руски олигарх со украинско потекло, беше пронајден обесен во гаражата на неговиот имот во Сари, Велика Британија, на „необјаснив“ начин според полицијата.

Бизнисменот Василиј Мелников и неговото семејство починале на крајот на март, пишува рускиот весник Комерсант. На 18 април во Москва, Владислав Аваев, поранешен потпретседател на Гаспромбанк, беше пронајден безживотен во својот стан со сопругата Елена и 13-годишната ќерка Марија. Три дена подоцна во вилата во Лорет де Мар, Шпанија, беа пронајдени телата на главниот менаџер на Новатек, вториот по големина руски производител на природен гас, Сергеј Протошења, неговата сопруга и 18-годишната ќерка. На 3 мај, Андреј Круковски, директор на ски-центар во сопственост на Гаспром, загина „падејќи од карпа“, пишува италијанскиот весник „кориера дела сера“.

Сомнителна смрт на руски олигарси: Шест смртни случаи за три месеци, хипотеза за убиство или самоубиство?

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....