10:21 - 13 ноември, 2026

Убав повод за славење кај Дани Димитровска: Тишината кажува повеќе од многу гласни победи

Дани Димитровска денеска има голема причина за среќа и славење. Пејачката на својот инстаграм-профил објави дека полни 47 години.

До сликите со роденденска торта, таа им се заблагодари на сите пријатели за честитките.

„Благодарам за секој збор, драги знајни и незнајни луѓе. Имам уште 47 причини за благодарност. А најмногу благодарам на тишината која кажува повеќе од многу гласни победи“, напиша Дани на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Дани во септември лани се омажи за својот долгогодишен партнер, Горан Веселиновски-Весел , кој е поранешен кошаркар. Пејачката рече дека од почетокот знаела дека ќе останат заедно.

Нејзиниот син Лазар живее во Холандија, каде што магистрираше и работи, а таа рече дека самата сакала да се школува во друга држава за да се осамостои.

„Јас го терав да отиде, да се осамостои и да живее малку сам. Тоа беше моја желба. Јас вистински сакав да отиде во друга држава и да зависи од самиот себе. Посакував за него да стане независен. Далеку од мене. Го прифатив тоа уште многу одамна. За негово добро. Јас сметам дека ние како родители имаме само една обврска, а тоа е да ги оспособиме нашите деца, да ги научиме од сопствените искуства, да ги оспособиме и да ги пуштиме да живеат. За мене е тоа родител, а не да ги држиме до себе исклучиво“, рече Дани во емисијата „Животна приказна

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....