34.1 C
Скопје
12:47 - 3 август, 2026

(Фото) Александра Јанева сподели први семејни фотографии со малата Тина

Пејачката Александра Јанева и нејзиниот сопруг Иван ја објавија првата заедничка фотографија со малата Тина.

Тие веќе уживаат во најубавата животна улога – родителството. Само неколку дена откако стана мајка, Александра сподели момент кој ги разнежни следбениците, откривајќи дека таа пристигнала дома со нивното новороденче.

На фотографијата објавена на социјалните мрежи, Александра и Иван позираат насмеани со малата Тина, а пејачката подоцна сподели уште една фотографија од својата ќеркичка.

Фото: Инстаграм/Александра Јанева
Фото: Инстаграм/Александра Јанева

Александра се породи на 28 мај, само три дена по својот 31. роденден, кој го прослави на 25 мај. Веста за раѓањето на бебето првично ја откри преку Инстаграм, каде што сподели честитки од блиски пријатели, кои открија дека таа и Иван добија ќеркичка по име Тина.

За потсетување, Александра и Иван стапија во брак во август 2024 година, а во февруари годинава пејачката со јавноста ја сподели радосната вест дека наскоро ќе станат родители.

„Иван и не е така непознат за јавноста, само е попознат во светот на спортистите. Тој е поранешен младински репрезентативец во ракомет, беше дел од ‘Вардар јуниор’ и одигра една сезона во грчкиот ‘Аеропос Едеса’. Но, дипломиран програмер е и денес тоа му е примарната професија.

Се запознавме преку заеднички пријатели, девет месеци пред случајно да нѐ спои една ненамерно пратена порака на Инстаграм од негова страна. Дотогаш бевме само пријатели, познајници што ретко се среќаваа, но знаевме да комуницираме виртуелно неколкупати годишно, да си честитаме роденден, да се пошегуваме за нешто. Инаку, неговата сестра исто го носи името Александра и, сакајќи нејзе да ѝ испрати фотографија од кинеско јадење, случајно ми ја прати мене.

Потоа јас го прашав како знае дека ова ми е омиленото јадење и така почнавме да комуницираме без престан“, (се смее).

„Муабетот не престануваше, немав потреба да глумам или да се објаснувам на сто начини за одредена работа и веднаш знаев дека тоа е тоа. Иван е многу емотивен човек, многу внимателен, културен и смирен, полн со разбирање. Знае што сака, колку вреди и не се срами да го покаже тоа. Се поддржуваме во тоа што го правиме, си помагаме за одлуките во нашите професии и уживаме во животот што го градиме заеднички“, рече Александра во интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Водителката Сузана Манчиќ стана баба — ќерката Теодора роди син и му даде старо српско име

Еспресо

Зошто најмногу мозочни удари се случуваат наутро?

Еспресо

(Фото) Таткото на бебето ги посетил, но Едита сама ја одгледува ќерката – пејачката ги покажа првите денови дома

Еспресо

Хороскоп за 3 август: Овните ги очекуваат промени, Лавовите ќе уживаат во љубовта

Еспресо

Како настанала легендарната песна „Д-мол“ на Балашевиќ: „Оној по кого копнееш не мора да биде далеку од тебе“

Еспресо

(Фото) Се ожени популарниот пејач: На прославата Мина Костиќ и Каспер ја објавија својата венчавка

Еспресо
Се вчитува....