17.8 C
Скопје
15:30 - 26 март, 2026

Уапсен е Миле Кекин, фронтменот на „Хладно пиво“

Уапсен е Миле Кекин, поранешниот фронтмен на „Хладно пиво“.

Како што дознава хрватскиот „РТЛ“, станува збор за акција на УСКОК и полицијата во која се уапсени не само музичарот, туку и неколку други лица. Постои сомнение за измама со недвижен имот, поточно се работи за општина Бује и куќата на Миле Кекин.

„Јутарњи“, објави дека полицијата по наредба на УСКОК започнала нова акција во Истра. Во центарот на интересот на истражителите е Јелена Пероса, до неодамна раководител на Управното одделение за просторно планирање и управување со градски имот во Буја.

Полицијата, по наредба на УСКОК, утрово тропнала на нејзината врата, а упаднала и во бизнисот на нејзиниот сопруг Дамир во центарот на Бује. Покрај брачната двојка Пероса, на мета на инспекторите наводно се и градоначалникот на Бује, Фабрицио Вижинтин и уште неколку лица поради сомневања за серија злоупотреби.

Слични објави

(Фото) Ова е мајката на Тарик Филиповиќ: Актерот објави нејзина фотографија со посебен повод

Еспресо

„Се разбудив во локва крв“: Болна исповед на Сузана Манчиќ – изгубила три бебиња и водела борба за потомство

Еспресо

Неутешен по големата загуба: Срцепарателна приказна од Спасен Силјановски за татко му

Еспресо

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ во љубовен занес: Ѓина ужива во Барселона со мистериозен маж

Еспресо

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо
Се вчитува....