12:32 - 3 април, 2026

Твитер ја одобри понудата на Илон Маск: Акционерите сакаат да го принудат да плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа

Акционерите на американскиот гигант Твитер речиси едногласно го одобрија договорот за купување на компанијата што го склучија со Илон Маск на почетокот на годинава.

Врз основа на прелиминарното сумирање на гласовите на акционерите, околу 98,6 отсто од нив на вонредната седница во вторникот го одобрија предлогот за усвојување договор за законски да го принудат сопственикот на Tesla и Space X да започне со преземање на компанијата, откако тој еднострано го раскина договорот во јули.

Во април Маск се согласи да го купи Твитер за 44 милијарди долари, додека неговата моментална вредност се проценува на 32 милијарди долари. Но, Маск се повлече од договорот во јули, тврдејќи дека Твитер не ги исполнил неговите барања.

Правниот тим на Маск тврдеше дека Твитер не му дал докази на Маск за да го поддржи нивното тврдење дека спам сметките сочинуваат само 5 отсто од нивните дневни активни корисници.

Твитер веќе го тужеше Маск во обид да го принуди да го заврши купувањето на компанијата за договорената цена од 44 милијарди долари.

„Во Твитер сè уште веруваме дека наводното раскинување на договорот од страна на г-дин Маск е невалидно и неосновано и дека Маск сè уште е врзан со договорот според кој е обврзан да го заврши спојувањето според договорените услови“, рекоа од Твитер.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....