5.8 C
Скопје
04:59 - 14 ноември, 2024

Три знака во зодијакот кои ќе ви пружат кралски третман!

Ова важи и за двата пола – мажите во овие три знака се шармери, џентлмени, нежни и посветени, а жените пак се женствени, грижливи, забавни и страствени. Тие уживаат во давањето и најсреќни се кога успеваат да ги усреќат своите партнери.

Секако, секоја врска е поинаква и се е индивидуално, но овие три знака најчесто за себе го земаат најголемиот дел од романтиката во зодијакот. Постојано ги обсипуваат своите партенри со комплименти, уживаат да приредуваат романтични изненадувања и поклони и ништо не им е тешко – љубовта ги инспирира и подигнува да небото.

ЛАВ

Не морате да го барате значењето на поимот „екстра“ во речник – тоа е Лавот. Моќен огнен знак кој сам по себе е од кралска природа, екстравагантен, прекрасен, впечатлив, паметен и интересен. Лавот сака кралски гестови – за вас ќе ја организира најголемата и најзабавната роденденска забава која некогаш сте ја имале, ќе ве носи на најромантичните места, ќе ви дозволи раскош и луксуз и ќе направи да уживате во секој момент поминат со него. Лавот природно постапува со саканата личност со истата онаа љубов и внимание кое го посветува и на самиот себе, а тоа е најубавото нешто што можете да го замислите. Се во што и тој самиот ужива – внимание, романтика, страст и забава, ќе го пружи и на својот партнер во големи количини. Кај Лавот се е грандиозно, впечатливо, важно и театрално. Љубезен, топол и посветен, Лавот умее да сака и ужива во љубовта.

ВАГА

Вагата е олицетворение на Венера, планетата на љубовта и убавината – саканата личност постојано ќе ја краси со комплименти, ќе умее да ја стави на прво место, да ја разбере и да ги исполни нејзините потреби. Вагата сака да мечтае и најголем дел од нејзиниот љубовен живот се одвива во главата на личноста во овој знак – таа само ја бара првата можност својата мечта да ја пренесе во реалност и додека се обидува да го направи во секоја своја врска, дури и они кои не ги заслужиле љубовта и трудот, ќе уживаат во благодетите на кралскиот третман. Вагата едноставно така функционира во љубовта – најдобро, најнежно, најстрасно и најпредадено. Личноста во знакот на Вага зрачи со предаденост, љубов и шарм и умее да направи атмосфера на хармонија во сите полиња – ќе ве воодушеви со својата способност во кујната, ќе ви напише песна, ќе ве измасира како професионален масер, ќе се воодушевува на вашите успеси и ќе ве теши во моменти на криза. Вагата може да ја поднесе секоја вистина и никогаш нема да отстапи или да се оддалечи поради нешто што сте откриле за себе или признале.

БИК

Уште еден знак под крилото на Венера, но на помалку етеричен начин од Вагата, односно на многу приземен начин. Бикот е стабилен, полн со енергија и добро расположение, сака сите околу него да уживаат барем онолку колку и тој и во љубовниот однос ја внесува целата своја огромна и добра енергија. Сака раскош, добра храна, интересни случувања, музика и друштво и со него со него одлично ќе си поминувате, никогаш нема да се почувствувате запоставено. Бикот сака на саканата личност да и приредува изненадувања и имагинативни подароци, но тој е тука и во сите други животни ситуации – да пружи емотивна подршка, разбирање и утеха, како и секоја практична помош за која е способен. На личноста во знакот Бик можете да се потпрете за се, нејзината љубов е топла, предадена и пријатна, како камин каде нежно гори оганот во снежна зимска вечер.

Слични објави

Пејач се обиде да го измами Поповиќ! Ѕвездата на „Гранда“ го прекршил најважното правило, а Саша вака го разоткри

Еспресо

Зад себе ги остави холивудските шмекери: Принцот Вилијам втора година по ред прогласен за најсекси ќелав маж во светот

Еспресо

(Фото) Аница покажа дел од „љубовното гнездо“ со Лазар Ристовски: Сите гледаат во кожниот мебел и ормарите од под до плафон

Еспресо

(Фото) „Перун е во затвор за бебиња“: Огњен Амиџиќ објави урнебесна фотографија со синот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во скромната куќа во која израснала Александра Пријовиќ: Мајката Борка откри непознати детали за својата ќерка

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави фотографија во хеланки: „Не знам што се случува со моето тело по Америка, се трансформирам“

Еспресо
Се вчитува....