22:23 - 4 април, 2026

Три лица извлечени живи од урнатините во Турција над 248 часа по земјотресот: Чуда сè уште се случуваат

Најмалку уште три лица, меѓу кои и две малолетни, се неверојатно извлечени живи од урнатините на разорниот земјотрес, 11 дена откако разорен земјотрес погоди делови од Турција и Сирија.

17-годишната Алејна Олмез беше наречена „чудото девојче“ кога беше извлечена жива од урнатините во Турција вчера, 248 часа по земјотресот.

Вчера спасувачите во Турција извлекоа и 12-годишно момче од урнатините во југоисточна Турција на 11-тиот ден по разорните земјотреси, пренесува агенцијата Анадолија.

Момчето по име Осман било спасено во текот на 260-тиот час на потрага и спасување.

Истиот ден беше спасена и жена од под урнатините. Локалната жителка по име Неслихан Килич билс спасен во текот на 258-от час од операциите за потрага и спасување. Други податоци за спасувањето и идентитетот на жртвата не се соопштуваат.

Бројот на загинати во разорните земјотреси во Турција надмина 38.000, соопшти Канцеларијата за вонредни ситуации на турската влада.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....