13:31 - 6 април, 2026

Трет концерт на Петар Грашо во Скопје на 29 април

Концертите на Петар Грашо предизвикаа огромен интерес кај македонската публика, барањата за влезници сѐ уште не стивнуваат и токму поради тоа, закажан е и трет концерт во Скопје.

Грашо ќе одржи трет ексклузивен концерт со симфониски оркестар во Скопје, на 29 април, во Македонска филхармонија, откако се распродадоа двата концерти закажани на 26 и 27 април.

Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, одушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат. Подгответе се за неверојатни два часа свирење и пеење на најголемите хитови како што се „Ако те питају“, Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“, а освен неговите фантастични песни, со огромно задоволство ќе ги слушаме и песните од Оливер Драгојевиќ.

Сите оние кои останаа без влезница за првите два концерти, веќе можат да купат влезница за третиот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.

 

Слични објави

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо
Се вчитува....