6.8 C
Скопје
06:25 - 31 март, 2026

Тензии во Косово: Срби ќе преноќат на изградените барикади, се слушнало и пукање

На северот на Косово ситуацијата е на работ на конфликт. Синоќа и денеска следуваа апсења кои предизвикаа дополнителен револт и беа поставени барикади. Во последните неколку часа се слушаат спорадични пукотници, пренесуваат српските медиуми.

Граѓаните на Лепосавиќ и Звечан поставиле барикади откако косовската полиција во Јариње го уапси поранешниот полицаец Дејан Пантиќ. Беа поставени барикади за да се спречи неговото префрлање во Приштина. Освен во Лепосавиќ и Звечан, граѓани се собрале и во Северна Митровица, Лепосавиќ, Сочаница, Лешко и Србовац.

„Во селото Рударе кај Звечан, каде дење се поставуваа барикади и се собираа граѓани поради приведувањето на Пантиќ, беа поставени шатори за да се заштитат од непрестајниот дожд. Народот е решен да преноќи на барикадите“, се вели во пораката.

Српското население со камиони и купишта ѓубре ги блокира патиштата во северно Косово, а барикади се поставени и во општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Претходно претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе испрати барање до НАТО алијансата да испрати контингент безбедносни сили на Косово.

Косовскиот премиер Аљбин Курти пред околу еден час изјави дека и КФОР бил повикан да ги отстрани барикадите. Според српски извори, сега на барикадите нема многу мештани.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....