25 C
Скопје
08:55 - 13 јули, 2026

Температури до 42 степени, во Скопје 40 степени, Попоски најавува суша

– Денес, како и во следните денови а вклучувајќи го и викендот, продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Исклучок ќе биде недела попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран од Африка и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во централните и во југоисточните предели има услови температурите да се искачат дури и над 42 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има мали услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите во Скопје овие денови ќе се искачат дури до околу 40 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.

Слични објави

Хороскоп за 13 јули: Овните ќе бидат љубоморни, Раковите ќе се истакнат на работното место

Еспресо

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо
Се вчитува....