11.8 C
Скопје
20:39 - 3 април, 2026

(Фото) „Тебе не ти е гајле за мене“: Oсамна шокантна објава на Јована Јеремиќ поради која многумина мислат дека раскинала со Драган

Српската водителка Јована Јеремиќ не престанува да привлекува внимание со својот изглед, но и со работите кои гласно ги искажува на телевизија и на социјалните мрежи.

Водителката, како што многумина знаат, е во среќна врска со бизнисменот Драган Станковиќ, кој ја опсипува со внимание и љубов.

Сепак, поради објавата на Јована која се појави на Инстаграм, многумина помислија дека нешто се променило во нивната врска.

Позирајќи во црна кошула, во кожени чизми над колена, Јеремиќ цитираше стих од песна на Маја Беровиќ.

– Истури вода по мене кога ќе тргнам, пушти барем една солза да не овенам. Истури вода по мене, нека тече како моите солзи оваа вечер. Кога тебе не ти е гајле за мене… И Дунав да го просипеш би било малку – напишала Јована Јеремиќ, поради што многумина помислиле дека дошло до раскинување.

Инаку, Јована Јеремиќ неодамна престојуваше во Америка за да известува за претседателските избори, а во сè имаше голема поддршка од Драган.

Станковиќ во ниту еден момент не се одвојуваше од неа, па често можеа да се видат во директните преноси на ТВ Пинк.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....