20:03 - 10 ноември, 2026

Теа Таировиќ купи луксузен стан во Црна Гора: Ова се деталите, а сумата што ќе ја заработи годинава е 670.000 евра!

Српската музичка ѕвезда Теа Таировиќ е една од најбараните пејачки, па не е чудно што со трудот успеа да си обезбеди недвижност во Белград, но одлучила да си купи и стан во Црна Гора, поточно во местото Луштица.

Како што пишуваат српските медиуми, нејзиниот стан сè уште не е готов, но полека се привршува и Таировиќ од следната година ќе може да ужива во својот нов недвижен имот.

Една од најпопуларните пејачки во моментов во регионот не сака да се фали колку заработува и што поседува на свое име, но со оглед на тоа што работи секојдневно, логично е да има пари да си обезбеди сè што ќе посака.

Да потсетиме, како што беше напишано претходно, Теа само годинава ќе заработи значителна цифра од 670.000 евра.

Инаку, Теа Таировиќ стекна огромна слава поради препознатлиот танц и песните.

Бројните хитови ја подигнаа нејзината кариера на повисоко ниво и со тоа го достигна самиот врв на музиката.

Постигнуваше успех по успех, а во една прилика во изјава за медиумите призна дека на почетокот на кариерата доживеала тешки моменти кои ќе ги памети до крајот на животот.

Имено, таа пред да се појави на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ настапувала со бенд, а раскажала како успеала да ги измами членовите на тој бенд само за да настапи со нив.

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....