7.8 C
Скопје
22:49 - 31 март, 2026

Тања Савиќ откри болни детали за 11 години помладиот дечко: Кога имал 12 години доживеал семејна трагедија

Српската пејачка Тања Савиќ, иако сè уште официјално не е разведена од сопругот Душан Јованчевиќ, со кој има два сина, таа овој период многу ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ.

Неодамна Тања гостуваше во една емисија каде подетално проговори за врската со него, но и за неговата семејна трагедија.

Имено, медиумите пишуваа дека мајката на Тања не ја поддржува врската на нејзината ќерка, а се појави приказна дека и таткото на Бешиќ не бил среќен поради неговиот избор.

Но, Тања истакна дека тоа не е точно и дека Муки за жал како дете доживеал голема семејна трагедија, кога на 12 години го загубил својот татко.

„Се пишуваше дека таткото на мојот партнер не ја одобрува нашата врска. Меѓутоа, неговиот татко починал кога имал 12 години. Тоа му ја донесе таа борбеност и сето она што е денес“, изјави Тања.

Инаку, Тања раскажа и како се запознала со својата нова љубов, избраникот Мухамед Бешиќ.

„Да, тој е пилот и 11 години помлад. Чест е да се придобиеш ваква жена низ сè што поминала. Не можам да паднам на не знам какви приказни и не ме интересираат убавина, моќ и пари. Она на што паѓам се само емоции и тоа шесто сетило кое ме води, сите го имаме и треба да го користиме. Баш ме интересираше како размислува и дека не користи алкохол или некои недозволени супстанци. Се сретнавме во авионот, тој ме возеше мене и мојот тим. Не чекаше на делот што е за приватни летови. Се плашев како ќе го издржам сето тоа. Јас седнав позади, мојот менаџер седна позади. Тоа е мал авион за приватни летови, па добро го погледнав, сите бевме таму. Летавме за Чикаго. После тоа, почнаа некои преписки. Тоа што е помлад значи дека е посладок“, раскажа пејачката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....