22:29 - 8 април, 2026

Тамара Тодевска меѓу шесте силни жени од регионот кои прават промени

Тамара е меѓу шесте силни жени Европејки кои се вклучени во новата кампања на Европската служба за надворешна акција, насловена како „Европејки кои прават промени“. Иако овие пет жени имаат различни професии, нив ги поврзува талентот, силата, храброста, посветеноста и мотивираноста – да ги бранат човековите права, да ја штитат животната средина, да им даваат сила и да им помагаат на другите.

Во врска со оваа кампања, Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, напиша на неговиот блог дека приклучувањето кон ЕУ значи „градење ЕУ дома“.

-Успехот на нашите партнери во Западен Балкан во „градењето ЕУ дома“ не зависи само од работата на владите и институциите на ЕУ. Тоа е суштинско, но вистинскиот успех зависи од ангажираноста на луѓето во овие општества, од дејствата на граѓаните, кои го обликуваат општеството во кои тие и нивните деца може да имаат благосостојба – вели Борел.

– Многупати сум рекол и ќе повторам сега: ЕУ не е целосна без Западен Балкан. За да биде ЕУ целосна и за да ја направиме посилна и попросперитетна, ни требаат луѓе како протагонистките во оваа кампања. Свесни сме за предизвиците во Западен Балкан и за трансформациите што треба да е случат за да се „изгради ЕУ дома“. Луѓето вклучени во оваа кампања се неопходни за овие трансформации, како и за да инспирираат други да се приклучат. Нивното знаење и придонес се неопходни за „градењето ЕУ“ во Западен Балкан. Нивните приказни ме потсетуваат на причините зошто патот на пристапување на Западен Балкан кон ЕУ е толку важен за сите нас во Европа. Процесот е во врска со луѓето и за луѓето. И овој процес мора да успее – за доброто на сите луѓе во Европа, напиша Борел.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....