16:46 - 7 април, 2026

Тајван: Два американски воени брода го преминаа теснецот

Два американски воени брода поминаа низ Тајванскиот теснец, oва е прв пат да се случи од почетокот на воените маневри што Кина ги спроведе во близина на островот, во екот на тензии меѓу САД и Пекинг.

Воената морнарица на Соединетите Американски Држави соопшти дека овој премин „ја демонстрира посветеноста на Соединетите Држави за слободен и отворен индо-пацифички регион“, се вели во соопштението за печат.

Станува збор за ракетните крстосувачи Uss Antietam и Uss Chancellorsville, кои официјално „спроведуваат рутински транзит во теснецот“, објаснува морнарицата во соопштението.

Американските воени бродови, а во некои прилики и бродови на сојузничките земји, како што се Британија и Канада, редовно пловеа низ теснецот во последниве години, предизвикувајќи гнев кај Пекинг. Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, започна воени вежби во близина на островот по посетата на Пелоси на почетокот на август и оттогаш таквите вежби не престануваат.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....