0.8 C
Скопје
01:50 - 12 март, 2026

Тајната на бисерните ѓердани, без кои кралицата Елизабета никогаш не излегувала од дворецот?

Кралицата Елизабета беше специфична по многу од своите обичаи и навики, па дури и кога е модниот стил во прашање, а има многу легендарни приказни за нејзиниот избор на облека, како на пример причината зошто секогаш носеше светли бои

Кога го прослави својот 90-ти роденден во 2016 година, кралицата носеше комплет со неонско зелена боја. Тогаш беше откриено дека поентата на впечатливите бои е кралицата да се истакне и да биде препознатлива во толпата, на тој начин секој од нејзините поданици ќе може да ја види без разлика колку е далеку од неа.

Носејќи забележлива облека, кралицата симболично му порачуваше на секој граѓанин во својата земја дека е тука за него и дека тој може да ја види.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Elizabeth II (@royalty.crown_)

– Мора да ме видат за да веруваат во мене – рекла Елизабета Втора.

Одредени парчиња облека и додатоци биле задолжителни при секое нејзино појавување.

Сепак, бисерите немале никаква врска со престижот на британскиот двор, но кралицата никогаш не излегувала без нив. Зад бисерите стои приказната за семејната традиција.

– Бисерите се традиционален накит за кралиците во Британија повеќе од илјада години – никогаш не постоела кралица што не носела бисери. Во минатото бисерите ги сметале за ретки, убави, сјајни и колку повеќе ги носите, толку стануваат посјајни – објаснила Лесли Филд, која ја напишала книгата „The Queen’s Jewels“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....