07:36 - 6 април, 2026

Тајландскиот крал се самоизолирал во хотел на Алпите и си направил харем со 20 жени

Контроверзниот тајландски крал Маха Вајиралонгкорн се самоизолирал во луксузен хотел во Гармиш-Партенкирхен на Алпите, заедно со придружбата.

Profimedia

Маха Вајиралонгкорн, познат и како Рама X, го „букирал“ хотелот со 4 ѕвезди, откако добил „посебна дозвола“ за да го овозможи тоа.

Придружбата на 67-годишниот крал вклучува и харем од 20 конкубини и многу слуги,

Profimedia

пишува германскиот таблиод Билд. Не е познато дали и неговите четири жени живеат во хотелот со останатите.

Сите хотели во тој регион беа затворени поради коронавирусот, но портпаролот на локалниот дистрикт изјавил дека „Grand Hotel Sonnenbichl“ е исклучок бидејќи „гостите се хомогена група луѓе кои никаде не излегуваат“.

Кралот всушност не побегнал од својата земја заради ширењето на коронавирусот, туку се затекнал во Германија во екот на пандемијата, па очигледно одлучил засега да не се враќа во својата татковина.

Profimedia

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....