18:25 - 5 декември, 2025

„Таа е национално богатство, мораме да ја осигураме, не смееме…!“ Карлеуша ѝ пружи поддршка на Брена по операцијата

Српската поп дива Јелена Карлеуша синоќа настапи во преполната сала на хотелот „Вучко“ во Јахорина. Таа со своите безвременски хитови ја загреа атмосферата до максимум!

Карлеуша изведувала хит по хит, а публиката заедно со неа ги пеела речиси сите песни, и од старите и од новите албуми „Алфа“ и „Омега“.

Карлеуша час пред полноќ се појавила во хотелот во брутално издание – облечена во тесен комбинезон со ефектен, шарен дезен, кој ја истакнал нејзината совршена линија и бујните атрибути.

Видно расположена Карлеуша дала изјава за спрски „Телеграф“ пред почетокот на настапот.

Јелена покрај бројните теми се осврнала и на својата колешка, регионалната ѕвезда Лепа Брена, која неодамна доживеа несреќа на концерт во Загреб, кога снимателот падна врз неа.

Брена се здоби со скршеница на ногата, поради што беше оперирана, а потоа, еден ден подоцна беше пуштена на домашно лекување, а сега е во Белград, во својата вила на Бежанијска коса.

Карлеуша ги имала најубавите зборови за поддршка за Брена. Таа посочила дека Лепа Брена треба да биде осигураме и заштитена, бидејќи е склона на повреди.

– Забележав дека Брена е склона на повреди, одвреме-навреме гледам дека има некаква повреда. Брена треба да биде заштитена и осигурена, по секоја сцена – нозете, рацете, главата… Затоа што е склона на повреди, а тоа едноставно ние не смееме да го дозволиме, бидејќи таа е национално и балканско богатство – рекла Карлеуша и додаде:

– Нашата работа не е толку лесна, само да излезеш и да пееш. Сè се случува таму. Уште поекстремна сум во таа смисла, имам продуцент кој сака да ме обесува на ѕвезда, снегулка, знаци… – низ смеа рекла Јелена Карлеуша.

Слични објави

(Видео) Погледнете ја новогодишната идила на Вики Миљковиќ: Накитила две елки, не се знае која е поубава! 

Еспресо

Карлеуша повторно во „Гранд“! Вдовицата на Саша Поповиќ ја наговорила на тоа, сите трогнати од зборовите на ЈК

Еспресо

Тони Зен стана татко по вторпат: Раперот даде невообичаено име на ќерката!

Еспресо

Весна Змијанац заврши на Ургентен центар: Ѝ се влошило здравјето, останува на болничко лекување

Еспресо

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо
Се вчитува....