13.8 C
Скопје
14:05 - 17 март, 2026

Судбината на Евровизија на „стаклени нозе“: Можно е да се откаже поради коронавирус!

Овогодинешната Евровизија треба да биде одржана од 12 до 16 мај во Ротердам, откако минатата година претставникот на Холандија ја однесе победата. Меѓутоа, сепак се поставува прашањето дали овој престижен музички фестивал воопшто ќе биде одржан поради алармантната ситуација со коронавирусот.

Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата сè повеќе е под знак прашалник. Ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија, а победата во 2019 година ја доби Данкан Лоренс со песната „Аrcade“. Интересно е тоа дека Холандија нема oсвоено победа уште од 1980 година.

Доколку ширењето на коронавирус не биде контролирано, би било залудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е вирусот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на заразата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сериозна и многу манифестации ќе бидат откажани“, беше изјавата на холандскиот виролог Аба Остерхаус за медиумите.

Потсетуваме дека поради коронавирус беше прекинато и снимањето на филмот „Невозможна мисија“, чии први кадри требаше да бидат снимени во Венеција. Том Круз, кој игра главна улога во овој филм, моментално е „заробен“ во хотелот во Венеција.

Поради коронавирус одложени се и разни спортски манифестации: Светското атлетско првенство, неколку квалификациони олимписки турнири, загрозени се мечовите за Евролига, а најнова вест е дека е одложено и Светското екипно првенство во пинг-понг.

Слични објави

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Еспресо

(Фото) Водителката Ведрана како разголен модел, изгледа многу секси

apostolova

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin
Се вчитува....