5.8 C
Скопје
11:09 - 22 јануари, 2025

Студентите ќе рециклираат, како? Велевски дава објаснување

Државниот студентски дом – „Скопје“ набави машини за рециклирање на пластика наменета за студентите кои престојуваат во студентските домови со цел редуцирање на отпадот, подигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Покрај глобалната придобивка – зачувување на животната средина и зацврстување на навиките за рециклирање, со студентската картичка тие ќе можат да вршат и т.н. „поврат на средства“

– Државниот студентски дом – „Скопје“ како примарна дејност има за цел сместување и исхрана на студентите, но идејата ја добивме токму од нив. Во студентскиот дом ,, Гоце Делчев“ тие поставија импровизирани пунктови за селектирање на отпад, не за рециклирање, и така дојдовме до идеја тоа да го издигнеме на повисоко ниво – вели Виктор Велевски, директор на Студентските Домови „Скопје“.

Средствата ќе се враќаат на студентското салдо со секое рециклирано пластично шише а потоа и за алуминиумска амбалажа.

– Машините функционираат со студентска картичка која е наша идеја и реализација. Со таа картичка средствата кои што се добиваат со рециклирање на пластичните шишиња, да се враќаат на самата картичка и со нив студентите да кристат одредени поволности во бифето, да плаќаат станарина и слично, објаснува директорот.

Набавката на машините за рециклирање исто така ќе допринесе на долг рок кон подобрување на условите на Студентските домови, што е во рамките на студентската мисија – студентот да има пристојни услови за учење и творењe..

– Бенефитот е прво зачувување на животната средина, тоа мислам е најбитно во 21 век, да има што помалку отпад во нашата околина, а од друга страна студентите се оние кои ќе имаат колку-толку прилив на финансиски средства кои ќе си ги искористат за нивни потреби. Во иднина сакаме оваа картичка да ја направиме платежна студентска картичка, вели Велевски.

Студентските домови на овој начин демонстрираат претприемништво и се добар пример за сите институции да почнат размислуваат „надвор од кутијата”.

Менаџментот на Студентските домови до сега успеа да најде начин за алтернативни приходи, а со тоа и да се самофинансира, а со тоа да обнови дел од капацитетите на домовите.

Фото – приватна архива

Слични објави

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Хороскоп за 22 јануари: Овните ќе ги решат проблемите, Вагите ќе уживаат во љубовта, а вие?

apostolova

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо

(Фото) „Полека, но сигурно доаѓа…“: Српската пејачка Сара Јо заврши во болница!

Еспресо
Се вчитува....