08:22 - 3 април, 2026

„Страшно се мешаат улогите“: Јована Јоксимовиќ ја спомна поранешната сопруга на Жељко, eве каков однос има со ќерката Мина

Пред да ја запознае својата сегашна сопруга Јована Јоксимовиќ, српскиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ бил оженет со Весна и во тој брак ја добил ќерката Мина.

Фото: Инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Не се знае каква врска има денес Жељко со поранешната сопруга Весна, но тој е исклучително приврзан за своето прво дете.

Жељко со Јована Јоксимовиќ ги има синот Коста и ќерките Срна и Ана, а убавата водителка своевремено проговорила и за врската со Мина.

– Јас нејзе не можам да ѝ бидам пријателка, не можам да ѝ бидам ниту мајка. Јас можам да ѝ бидам пријател и некој кој, што и да ѝ потреба, секогаш ќе биде тука. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители, прекрасна мајка и прекрасен татко – рекла тогаш Јована, нагласувајќи дека Весна и Мина се многу блиски.

– Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Како што има топлина во куќата на својата мајка, ја има топлината и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но тука ја нема – додала Јована во таа прилика.

Мина Јоксимовиќ дипломирала на Музичката академија, а потоа се запишала и на магистерски студии.

Дефинитивно не ѝ недостигаат талент, ниту убавина, што нејзините бројни следбеници на социјалните мрежи често сакаат да го забележат во коментарите.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....