7.8 C
Скопје
05:16 - 2 април, 2026

Стотици вработени во Твитер решија да дадат отказ по ултиматумот на Маск

Американската компанија Твитер започна нов бран отпуштања по ултиматум од нејзиниот нов сопственик Илон Маск, пренесува Њујорк тајмс.

Според пишувањата на медиумите, причина за заминувањето на стотици луѓе било тоа што новото раководство на платформата го известило персоналот за работење со строги барања.

Непосредно пред ова, сопственикот и шеф на компанијата, Илон Маск, ги стави сите вработени пред избор – испраќајќи им имеил во кои се бара или напорно да работат или сами да си дадат отказ.

Како резултат на тоа, од луѓето беше побарано да се подготват за прекувремена работа и интензивни активности за да го изградат „новиот Твитер“ или да си заминат од компанијата. Во вториот случај, треба да се плати отпремнина.

NYT не дава точни податоци за тоа колку луѓе напишале барања за отказ.

На 27 октомври Маск склучи договор за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари. Во исто време, тој на 8 ноември објави дека бројот на корисници на социјалната мрежа е значително зголемен ширум светот.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....