7.8 C
Скопје
10:07 - 1 април, 2026

Столтенберг подготвува средба на лидерите на Шведска, Финска и Турција; Ердоган: „„НАТО е безбедносна организација, а не организација која поддржува терористички организации“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави во Вашингтон дека „во следните неколку дена“ ќе свика состанок со лидерите на Шведска, Финска и Турција за да се обиде да го надмине противењето на Анкара за влезот на двете нордиски земји во Алијансата.

„Ние сме во близок контакт со Турција, важен сојузник на НАТО, и со двете земји кои ја поднесоа својата кандидатура за влез во НАТО, Финска и Шведска“, рече тој.

Во меѓувреме, турскиот претседател продолжува да го оспорува влезот на Шведска и Финска во Атлантската алијанса.

„НАТО е безбедносна организација, а не организација која поддржува терористички организации“. Ова го изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на состанокот на парламентарната група на неговата партија АКП.

Ердоган го оспори влезот на Шведска и Финска во Атлантската алијанса, обвинувајќи ги двете скандинавски земји за поддршка на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка група.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....