5.8 C
Скопје
06:40 - 1 април, 2026

Столтенберг побара од Вучиќ да се воздржи за прашањето за Косово и Метохија: Двете страни да не преземаат чекори кои би предизвикале ескалација на тензиите

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска телефонски зборувал со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и побарал сите страни во спорот за Косово и Метохија да се воздржат од чекори кои би предизвикале ескалација, односно да се воздржат од еднострани потези кои ќе го загрозат мирот и стабилност, пренесува данас.

Претседателот Вучиќ му посочил на генералниот секретар на НАТО дека Приштина брутално го прекршува Бриселскиот договор со своите еднострани потези, разрешувањето на српскиот полициски командант за северниот регион Ненад Ѓуриќ и нелегитимни дејствија во однос на регистарските таблички.

Вучиќ додал дека, и покрај тоа, Србија се стреми да го одржи мирот и стабилноста и ќе остане посветена на тоа, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

Двајцата соговорници разговарале и за важноста како на улогата на КФОР, така и на директниот контакт на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија со командантот на силите на НАТО на Косово и Метохија.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....