7.8 C
Скопје
11:09 - 20 февруари, 2026

(Фото) Срцепарателна објава: Јелена Карлеуша откри дека го изгубила бебето по концертот

Српската пејачка Јелена Карлеуша откри дека го загубила бебето по големиот концерт на Ушќе.

Јелена Карлеуша, која си ја отвори душата во големата исповед и проговори за бракот со Душко Тошиќ, се огласи на Инстаграм со шокантна порака која растажи многу нејзини обожаватели. Пејачката откри како дознала дека го изгубила бебето по концертот на Ушќе.

„Моментот пред мојот прв концерт на Ушќе. Ова е булеварот Никола Тесла, во моментот кога концертот мораше да почне. Седам во шаторот зад сцената и не ми се верува што ми зборуваат. Знаев дека ќе има многу луѓе, но дека концертот ќе доцни еден час за да влезе публиката, не се надевав на тоа, особено што во тој момент трпев тежок медиумски линч и забрана. Се сеќавам, влезе мојот продуцент и рече дека мораме вратите ширум да ги отвориме и повеќе да не наплаќаме карти, бидејќи, инаку, нема да почне до полноќ. Така и направивме. Пред самото излегување на сцената, ми го донесоа дневниот весник што излегува утредента. На сите насловни страници имаше два збора, „празно“ и „пукнала“. Без слика како доказ. А да, и ми рекоа дека немам мултимедија за екраните затоа што мојата соработничка немала време да направи рендер. Клекнав под бината на лифтот што треба да ме крене и го слушам татнежот на луѓето… „Што ќе правиме?“, праша некој до мене. „Што ќе правиме ?“, се насмеав додека солзите ми ја уништуваа шминката, одиме, реков“, напишала Карлеуша и продолжила:

„Јелена рече да почнеме“, викна асистентот во бубачката и даде знак на режијата. Згрми, таков звук и таква продукција Белград никогаш ниту слушнал ниту видел. Лифтот ме крена и видов бескрајно море од луѓе… „Борбена машина…“ и бас што ме поместуваше од местото. Ти си борбена машина Јелена. Сега плачеш и никогаш повеќе, си помислив. Ах, колку се излажав… Стиснав заби и го одработив концертот речиси во темница бидејќи екраните не емитуваа мултимедија. Публиката скандираше дека ме сака. Не ни знаев дека сум бремена. Дознав недолго по Ушќе. Малата точкичка која на екранот со ултразвук го означуваше работењето на срцето на бебето, не светеше. П. С. (по тој концерт на Ушќе не пеев речиси една година. Никој не ме викаше да пеам. Како да сум убила некого… (а всушност сум))“, напишала во тажната објава Јелена Карлеуша.

Веднаш потоа додала како успеала да се извлече од агонијата во која западнала откако го изгубила бебето.

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....