03:31 - 15 декември, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Овие аномалии на видот се карактеризираат со матно гледање, без оглед дали станува збор за читање или за гледање во далечина. Тие се коригираат со помош на оптички помагала очила, леќи или оперативен зафат. Проблемот за појава на овие аномалии може да биде поврзан со очното јаболко, леќата во окото или рожницата.

Кратковидост, далекувидост и старечка далекувидост

Луѓето со кратковидост не се во состојба да ги видат оддалечените предмети. При оваа состојба, аксијалната должина на окото кај миопија е подолга од нормалната. Фокусот на јасен вид паѓа во предниот дел на мрежницата (пред центарот за вид) така што далечните предмети се гледаат замаглено.

Далекувидите луѓе, пак, имаат проблем со гледањето предмети што се блиску или најчесто со читањето. Окото кај далекувидите има покуса аксијална должина и фокусот на јасен вид паѓа зад мрежницата, т.е. зад центарот за вид. Како резултат на тоа, предметите што се блиску не се гледаат јасно. Корекција се врши со сферични стакла, контактни леќи или оперативно (со рефрактивна хирургија).

Старечката далекувидост, односно неможноста да се фокусираат блиски предмети или да се чита, се појавува кај луѓе над 40 години поради губењето на еластичноста на окото, односно можноста брзо да се прилагодува и фокусира. Затоа се потребни очила за читање.

Астигматизам

Астигматизам е рефрактивна аномалија при што зраците по прекршувањето во оптичкиот дел од окото, не се собираат во една точка од мрежницата и не се формира јасна слика на гледаните предмети. Најчесто причина за овој оптички недостаток на окото е неправилната закривеност на површината на рожницата. Како сликовит пример може да послужи споредбата дека нормалното око има форма на пинг-понг топче, а при кератоконус, формата на окото личи на лажица.
5% од луѓето имаат астигматизам, најчесто е наследен, но може да се добие и во текот на животот од некоја болест или од повреда на предниот дел на окото. Карактеристично за луѓето со оваа рефрактивна аномалија е што предметите од околината ги гледаат нејасно и од близу и од далеку. Работењето од близу – читањето, пишувањето и слично, многу брзо доведува до неодредени главоболки, зголемено солзење, слевање на буквите и редовите и брзо заморување. Далечните предмети се нејасни, искривени, коси и деформирани. Овие пречки го прават човекот што страда од астигматизам делумно или целосно неспособен за извршување многу работи и за занимавање со некои професии.

Симптоми

Најчест симптом на астигматизмот е замаглениот вид. Некои од дополнителните симптоми на астигматизмот се: замаглен вид при обид за читање ситни букви, отежнато читање, двојни слики и појава на непостоечки слики. Останати можни симптоми на астигматизмот се: главоболки, вртоглавица, раздразливост и замор.

Дијагноза

Астигматизмот лесно се дијагностицира со офталмолошки преглед и рефракциски тестови (авторефрактокератометрија), многу често е потребно да се направи и корнеална топографија да се разликува од кератоконус.

Третман

Корекцијата на астигматизмот е со цилиндрични стакла. Исто така, можат да се користат контактни леќи (торични) или да се изврши оперативна корекција (рефрактивна хирургија).
За правилна и навремена дијагностика и понатамошни чекори закажете во Клиника „Жан Митрев“ – Центар за офталмологија во соработка со Промедика офталмологија на: 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....