14.8 C
Скопје
15:52 - 30 јануари, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Брза дијагностика на белодробна емболија

Белодробна емболија претставува болест која се карактеризира со згрутчување на крвта кое го блокира, го запира протокот на крв во белодробните артерии кои ги снабдуваат белите дробови. Во повеќето случаи, згрутчувањето на крвта започнува во длабоката вена на ногата и патува до белите дробови, и тогаш зборуваме за венски тромбемболизам.

Но постои белодобрна емболија која настанува ин ситу, без претходна длабока венска тромбоза и тогаш најчесто се работи за генетски пореметувања во коагулацијата на крвта.

Бидејќи е можно едно или повеќе згрутчувања да го блокираат протокот на крв во белите дробови, белодробната емболија може да биде опасна по живот. Сепак, навременото дијагностицирање и навреме започнатото лекување во голема мера го намалува ризикот од смрт.

Како да препознаете дека имате белодробна емболија?

Симптомите на белодробна емболија може да варираат во зависност од тоа колкав дел од вашите бели дробови се засегнати, од големината на згрутчувањето и дали имате друга белодробна или срцева болест.

Вообичаените симптоми вклучуваат:

– Губење здив, задишување – овој симптом обично се појавува ненадејно, присутен е и кога се одмарате и се влошува при физичка активност.
– Болка во градите – можеби ќе се чувствувате како да имате срцев удар. Болката е често остра и се засилува при длабоко вдишување, а може и да ве спречи да земете длабок здив. Може болката да ја почувствувате и кога кашлате, се наведнувате или се свиткувате.
– Несвестица – може да се онесвестите ако ненадејно ви падне пулсот или крвниот притисок. Ова се нарекува синкопа.

Други симптоми кои можат да се појават со белодробна емболија вклучуваат:

– Кашлица која може да вклучува крвава слуз
– Брзо или неправилно чукање на срцето
– Зашеметеност или вртоглавица
– Прекумерно потење
– Треска
– Болка или оток во нозете, или и двете, обично во задниот дел на потколеницата
– Бледило или модра кожа на лицето, наречена цијаноза

Сите овие симптоми ги среќаваме и кај други заболувања, особено срцеви, заради што може да се случи да бидете несооодветно дијагностицирани и лекувани. А всушност, кога се работи за венски тромбоемболизам, лекувањето е специфично. Затоа, мора да споменеме дека брзото започнување со соодветна, ефикасна антикоагулантна терапија може да овозожи целосно излекување на болеста.

Кога да одите на лекар?

Белодробната емболија е болест која  е животозагрозувачка. Побарајте итна медицинска помош ако почувствувате необјаснет губиток на здив или отежнато дишење, болка во градите или несвестица.

Кои пациенти се склони кон развој на белодробна тромбоемболија?

Сите оние кои имаат елементи од Вирхофовата тријада: стаза, хиперкогулабилност и повреда на крвниот сад, се склони кон развој на венски тробоемболизам. Оваа состојба може да се појави и како компликација од други различни заболувања на организмот.

Засегнати се старите изнемоштени лица и бремените жени, односно сите оние кои поради друга причина се легнати во кревет, неподвижни, лица кои работат долго во седечка положба (заседнати), обезни и пациенти со разни видови на карцином кои имаат хиперкоагулабилност на крвта, како и луѓе со генетски проблеми на коагулација на крвта.

Дијагностика

Откривањето на белодробна емболија може да биде тешко, особено доколу имате други заболувања на белите дробови и срцето. Но добрата вест е дека искусен кардиолог може брзо да постави дијагноза и да даде соодветни насоки за лекување. Вообичаена пракса во нашата клиника е: земање анамнеза, комплетен ултрасонографски преглед на срце и крвни садови и крвна слика со Д-димери кои служат за исклучување на ВТЕ. Понекогаш се потребни и дополнителни тестови и испитувања како РТГ на белите дробови, КТ на белите дробови, пулмоангиографија или МР на бели дробови. Во нашата клиника сите овие видови испитувања се веднаш достапни, а искусната д-р Снежана Бонгард – специјалист кардиолог, е достапна за прегледи и консултации на оваа и сите останати кардио теми.

Д-р мед-сци. Снежана Бонгард
Спец. по интерна медицина, Супспец. по кардиологија

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Сара Мејс и Димитар Атанасовски на романтично патување: Пејачката во минијатурно бикини ужива во спа-центар со сопругот

Еспресо

Неверојатна побарувачка! За седум минути биле продадени над 42.000 билети за Евровизија

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во милионската вила на Тони Бијелиќ во Хрватска: Во дворот базен, растат палми, глетката е нереална

apostolova

(Фото) Јована Јеремиќ рече дека е најмладата баба на светот: Сега се огласи Љуба и ѝ порача дека сепак не е – „јас сум…“

Еспресо

Милица Павловиќ ја отвори душата за односот со родителите: Немам контакт со мајка ми…

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ како згодна Бразилка на плажа: Пејачката провоцира, облините и тетоважите во прв план

Еспресо
Се вчитува....