1.8 C
Скопје
14:18 - 20 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Алергии кај деца и нивно дијагностицирање со кожни алерголошки тестови

Педијатарот е тој кој што ја поставува дијагнозата на сите алергиски манифестации кај децата и соодветно ги третира и следи.

Сезонатата на алергии е во полн ек. Симптомите како кивање, солзење на очите, чешање на очињата и носето, сериозна носна секреција или затнато носе, грепкање на грлото, надразнителна сува кашлица, отежнато дишење, црвенило и осип по кожата, како и нарушувања во варењето на храната се манифестираат кај се поголем број на деца. Алергијата преставува сложен имунолошки процес во детскиот организам што настанува како резултат на влијанието на различни типови на супстанции (алергени). При тоа настанува цела низа на процеси – реакции на создавање на антитела од типот IgE како и различни видови на имунолошки комплекси од кои понатаму зависи и како ќе се манифестира целокупната реакција како здравствен проблем.

Децата во своето опкружување постојано се во контакт со секакви супстанции кои се и потенцијални предизвикувачи на алергиски реакции. Тие се наоѓаат насекаде околу нив (во домот, природата што не опкружува, училиштето, храната).

Алергените се делат во неколку групи од кои најчести се:

Инхалаторни алергени -aлергени присутни во воздухот (домашна прашина, полен, мувла, грини, влакна од миленичиња)

Нутритивни алергени – алергени присутни во прехранбените производи

Контактни алергени (козметички средства,хемиски препарати…)

Убод од инсекти што содржат отров (пчели, оси, стршлени).

Пролетта е време кога како најчест облик на алергија е алергијата на полен, која се нарекува и поленска кивавица. Обично почнува во март и може да трае се до крајот на октомври, а ја предизвикува поленот од тревата, дрвата и плевелот.

Педијатарот е тој кој што ја поставува дијагнозата на сите алергиски манифестации кај децата и соодветно ги третира и следи.

Отстранете го секој сомнеж и бидете сигурни што е тоа што предизвикува алергија кај Вашето дете.
Кожните алерголошки тестови се најдобриот начин да дознаете на што Вашето дете е алергично.
Тестирањето се реализира со внес на мали количини на алергени само под површината на кожата со мали површни убоди кои се прават со мала ланцета.

Точниот број на изведени тестови ќе зависи од специфичниот панел на алергени кои ќе се тестираат (панел со инхалациони алергени и панел со нутритивни алергени).

Тестирањето се изведува на внатрешната страна на подлактиците, кои по апликација на алергенот за 15 минути се отчитува одговорот на кожата.

Резултатите од тестот на кожата кај Вашето дете ќе бидат толкувани од страна на специјалист педијатар во контекст на медициската историја на симптомите и изложеноста на алергени.

Постапката:
-не е болна
-нема крв
-трае кратко и Вие како родител сте со Вашето дете.

Добиените резултати директно укажуваат на тоа дали се работи за алергија или не и точно се идентификува предизвикувачот на алергиската реакција.

Кога ќе се утврди вистинската причина за настанатата алергиска реакција многу е и поедноставно да се спречи и понатамошниот контакт со алергенот и да се ублажат симптомите со соодветен третман.

Во „Жан Митрев“ Клиника д-р Станислава Анѓелеска специјалист педијатар ќе Ви помогне во справување со алергиските реакции и сите останати состојби кај Вашите деца.
За да закажете преглед јавете се во контакт центарoт на 02/ 3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо
Се вчитува....