-1.2 C
Скопје
19:55 - 24 ноември, 2024

Со години многумина ја одбивале, а сега „Squid Game“ е феномен кој ги освои гледачите, но и фелата: „Создавањето на серијата е подраматично од серијата“

Иако се чини дека се било направено за пет минути и дека авторите од самиот почеток имале докажан рецепт за успех, сепак не било така. Долго време никој не бил заинтересиран за снимање на серијата „Squid Game“ која преку ноќ стана вистински хит. Всушност, никој не бил заинтересиран освен авторот, сценаристот и режисер Хванг Донг-Хјук, но и една од најголемите корејски ѕвезди, Ли Џунг-Џае.

Пред почетокот на прикажувањето немаше никакви индикации дека „Squid Game“ ќе добие толкава популарност во светот или дека ќе му донесе таков успех на Нетфликс. Со 14 номинации за Еми, вклучувајќи ги и онаа за најдобро сценарио и режија на Хванг Донг-Хјук, за глумата на Ли Џунг-Џае, како и за најдобра драмска серија, „Squid Game“ стана првата серија од неанглиско говорно подрачје што постигна таков успех.

„Оскар е повеќе на глобално ниво, додека Еми е претежно американски ориентирана, па благодарен сум што прв пат ја отворија вратата за серија што не е на англиски јазик“, изјави Хванг Донг-хјук во интервју за ЛА Тајмс.

„Мислам дека серијата имаше таков одзив кај глобалната публика бидејќи имаме многу визуелни аспекти, а не само јазикот. Имаме симболи, дизајн, сценографија, облека… Мислам дека тоа го привлече вниманието на светската публика која не знае корејски. Исто така и темата е добро позната – јазот меѓу богатите и сиромашните, како и конкуренцијата, конфликтите во нашето општество… Сето тоа е универзално.“

Инаку, во моментот кога беа објавени номинациите за Еми, режисерот беше на островот со продуцентите кои го пишуваа сценариото за втората сезона, и потоа ги повика сите номинирани. Првата сезона се снимаше седум месеци, а на нејзината промоција се работеше девет месеци. И покрај долгата и напорна работа, авторот и актерите уживаат во успехот што го постигнаа, а се надеваат дека истото сценарио ќе се повтори и со втората сезона.

„Кога му го испратив сценариото на Џунг-Џае бев возбуден бидејќи тој покажа интерес, што не беше случај во 2009 година со другите актери кои ме одбија. Затоа, бев среќен што можев да слушнам што има да каже и бев фокусиран на неговите зборови, но и на неговата загриженост“.

Џунг-Џае бил загрижен зашто во одредени моменти од серијата тој е еден вид анти-херој. И самиот режисер стравувал како публиката ќе реагира на ликот на Ги-хун, поради што го адаптирал сценариото, па така на пример во една сцена тој ја дели рибата со мачка скитник, што покажува дека, и покрај се, тој има добро срце.

А сцената поради која Хванг бил уверен дека ликот на Ги-Хун ќе ги освои гледачите е онаа кога тој ќе ги изгуби парите и не му остануваат уште многу да и купи подарок на својата ќерка. „Џи-хун оди на место што е како оние машини во кои со канџа може да фатите играчка. Момчето на кое му платил да го направи тоа наместо него ја вади играчката, и гледате колку Џи-хун е среќен додека го гушка. Штом го видов Јунг-Џае како ја игра таа сцена, знаев дека луѓето ќе се вљубат во неговиот лик“.

Иако со некои сцени упатува остра критика за социо-економскиот систем, каде што постои голема разлика помеѓу возбудените победници и разочараните губитници, вистинската порака на серијата ја носат одредени ликови кои покажуваат суштинска добрина во самите себе.

А што доаѓа во втората сезона? Авторот не открива многу, но вели дека тоа му било голем предизвик. Тој изјави само дека Ги-хун продолжува таму каде што застана на крајот на првата сезона.

„Кога ќе се навратам на 2009 година, кога никој не сакаше да работи на оваа серија, не го очекував успехот што го постигнавме. Ова е чудесно. Мислев дека е невозможно да се направи шоу, а сега имаме шоу и 14 номинации. Чувството е чудно и надреално, и мислам дека патот што го поминавме при создавањето на серијата е подраматичен од самата серија“, заклучи Хванг.

Слични објави

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо
Се вчитува....