04:45 - 9 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Од прежешко до град, какво време ќе имаме викендов?

– Во следните денови како што најавивме, ќе имаме МНОГУ ТОПЛО време, и тоа поради продорот на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка во нашата држава. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, а значително ќе пораснат и минималните утрински температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево, и тоа особено утре, додека во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО, но во попладневните часови постојат услови за попладневна локална нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 32 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....