8.8 C
Скопје
08:41 - 24 март, 2026

Славчо Попоски прогнозира: До 31 степен, па драстичен пад, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во западните планински предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 29 степени. Потоа МНОГУ ТОПЛО ќе се задржи и во текот на утрешниот ден, меѓутоа кон крајот на денот и навечер, локално и тоа особено во северната половина ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

Според Попоски, од среда под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за неколку степени а ќе дува и засилен ветер од северен правец. Исто така во среда се уште ќе има услови за повремен локален дожд проследен со грмежи. Што се однесува до температурите, тие во среда ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека уште малку посвежо ќе биде во четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Нов пораст на температурите се очекува од петок.

Слични објави

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо
Се вчитува....