03:21 - 9 април, 2026

Славчо Попоски најавува: ВИСОКИ натпросекот температури

– Од денес, па се до петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес и тоа особено долж повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро овие денови ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат дури и под 5 степени.

Максималните пак и тоа од среда, а особено од четврток до сабота ќе бидат ВИСОКИ и натпросекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури и над 35 степени.

Промена на времето, врнежи и позначително заладување ќе има за време на викендот, односно од недела. Детална анализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека до сабота истите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....