13.8 C
Скопје
16:51 - 17 октомври, 2026

Нашиот Никола Маџиров нè освестува за важноста на поезија преку признанија („Поезијата не е минорна форма на уметност“)

никола маџиров

Никола Маџиров е член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Грифин Поетри“ (Griffin Poetry Prize), со седиште во Торонто, Канада. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година изнесува 100.000 американски долари и ќе се додели на авторот и преведувачот на свечена церемонија во „Корнер Хал“ (Koerner Hall) во Торонто, во јуни следната година.

Петте автори кои ќе влезат во потесна конкуренција ќе добијат по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а ќе се додели и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада.

Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, национален американски поет-лауреат за 2012-2014 година и добитничка на Пулицер, како и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Освен овие награди, се доделува и Грифин награда за животно дело, која досега ја имаат добиено неколку добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата како Ко Ун (2008), Х. М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или Нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други.

Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик се шестотина книги од автори од многу земји.

Една од основачите на наградата и добитничка на Златниот венец, Маргарет Етвуд, вели:

„Griffin Poetry Prize“ ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години. Поезијата не е минорна форма на уметноста; таа е казанот на човечкиот јазик.“

Слични објави

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.
Се вчитува....