7.8 C
Скопје
09:24 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Утре ќе биде посебен ден, еве зашто!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека во северните планински предели ќе има услови за локално и слабо провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Според Попоски, во следните денови ќе имаме повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а особено утре и тоа Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат доста ниски и на некои места ќе се спуштат до -10 степени, додека во планинските региони истите се очекува да се спуштат и до околу -15 степени. Макималните дневни температури пак ќе се икачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Исклучок ќе биде утрешниот ден кога ќе биде нешто потопло и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....