19:26 - 8 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Снег и во Скопје, студ до минус 15, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево, а особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните предели ќе има врнежи од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски,  утре врнежите од снег ќе се прошират и во останатите предели, а ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Мала снежна покривка ќе се формира и на другите места низ државава, освен во централните и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите утре ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени. За време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Слични објави

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin
Се вчитува....