02:42 - 9 април, 2026

Славчо Попоски најавува пороен дожд и невреме, проверете кога

– Во следните денови, како што и најавивме во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силени електрични празнења и услови за појава на град. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од Африка кон нашата држава, и истите на многу места ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели температурите ќе надминуваат дури и 35 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има услови за појава на локална нестабилност, но ќе биде НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО за овој период од годината и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета- вели метео прогноззерот Славчо Попоски.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....