18:21 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По дождови, пак топло, еве кога!

– За време на овој продолжен празничен викенд, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има услови зас развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Температурите ќе се се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

– И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе има услови и за развој на локална нестабилност проследенена со ретки грмежи како и и со засилување на ветерот. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 20 степени.

Барем одсега гледано, во поголем дел од следната недела ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд, а температурите ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени – заклучува Попоски.

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....