18.8 C
Скопје
15:14 - 16 март, 2026

Славчо Попоски најавува нов голем пораст на температурите, проверете кога

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до самиот крај од оваа недела на повеќе места низ Македонија времето ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Што се однесува до температурите, тие до петок ќе бележат тенденција на пад, и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Од сабота пак температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи многу нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 27 степени, а најсвежо ќе биде во петок кога максималната температура ќе се искачи до само 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

 

 

Слични објави

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin

Рене Биторајац, главниот актер од „Свадба“ се јави со необична порака од Лондон

msp-admin

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо
Се вчитува....