7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

Славчо Попоски најавува невреме (дури и во Скопје)

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 27 степени. Потоа до самиот крај од оваа недела и тоа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места низ Македонија ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество на воден талог кое може да услови локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите и тоа до петок ќе бележат тенденција на пад, и најсвежо ќе биде токму во петок кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од сабота истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....