11.8 C
Скопје
19:11 - 13 март, 2026

Славчо Попоски најавува многу сонце, па пороен дожд, еве кога

– Викендов времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Уште потопло ќе биде во текот на следната седмица кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Сепак од понеделник па натаму ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во понеделник од западните предели ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во Скопскиот регион времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во текот на следната недела ќе растат условите за врнежи и тоа особено во вторник. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени.

Слични објави

(Фото) „Докторот ми стави премногу филери, ми се спуштија до половина лице“! Српската убавица преживеала драма по естетска интервенција

Еспресо

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо
Се вчитува....