32.8 C
Скопје
19:59 - 22 август, 2026

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Велнес-советничка и менторка Марина Петровска преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

Сите се на твојата листа. А ти?

Колку често жената во својот ден се грижи за сите, а за неа останува само она што ќе преостане?
Прво семејството. Децата. Сопругот. Работата. Домот. Обврските. Секогаш има нешто што е поважно, нешто што „мора“ да се заврши.
И така, грижата за себе најчесто ја оставаме за некој друг ден.
Денес знам дека токму тука правиме една голема грешка.
Се сеќавам на периодот кога моите деца беа мали. Работев, се грижев за нив, за домот, за сè што носи секојдневието. Ќе се вратев дома изморена, а сопругот ќе дојдеше од работа, ќе ручаше и ќе легнеше да одмори.
И јас знаев да кажам:
„Лесно му е нему… А јас? И деца, и работа, и ова, и она…“
Сè додека еден ден тој не ми рече нешто многу едноставно:
„Па добро, кој ти брани? Седни и одмори. Одмори, па после продолжи да работиш.“
Можеби звучи како сосема обична реченица, но мене тогаш многу ме освести.
Сфатив дека јас всушност очекував некој друг да ми дозволи да одморам.
А вистината е дека никој нема секогаш да дојде да ти каже:
„Сега е време за тебе.“

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Понекогаш мораш сама да си го земеш тоа време. Години подоцна дојде едно друго, уште посилно освестување.
Децата пораснаа.
Почнаа да си го градат својот живот, да си ги следат своите цели, да носат свои одлуки. Токму онака како што треба.
Но, во еден момент застануваш и сфаќаш дека повеќе не им требаш на истиот начин како порано.
И тогаш некако се прашуваш:
„Чекај… а каде сум јас?“
Толку години си давала, си се грижела, си помагала, си организирала, си мислела на сите…
И одеднаш сфаќаш дека можеби е време да се свртиш и кон себе.
Не затоа што другите повеќе не ти се важни.
Туку затоа што и ти си важна.

Грижата за себе не е себичност

Со годините сфатив дека грижата за себе не значи дека имаме помалку љубов или време за другите.
Напротив.
Кога сме добри со себе, имаме повеќе енергија, повеќе трпение и повеќе да дадеме на луѓето што ги сакаме.
А грижата за себе не мора секогаш да биде нешто големо.
Понекогаш е прошетка.
Понекогаш е половина час тишина.
Понекогаш е кафе со пријателка.
Понекогаш е добра книга.
Понекогаш е да си дозволиш да се разубавиш, да се погрижиш за својата кожа, да застанеш пред огледалото и повторно да се почувствуваш убаво.


А понекогаш е едноставно да кажеш:
„Денес ќе направам нешто за себе.“
И токму затоа денес толку ме радуваат средбите со жени и работилниците што ги организирам.
На прв поглед, доаѓаме да разговараме за нега на кожата. За правилната рутина, за производите, за тоа како да се грижиме за лицето.
Но, речиси секогаш се случува нешто повеќе.
Жените се опуштаат.
Разговараат.
Се смеат.
Споделуваат искуства.
Се запознаваат.
И одеднаш сфаќаме дека можеби не ни недостигале само тие 60 или 90 минути за нега на кожата.
Ни недостигало време за нас. Време во кое не сме само мајки, сопруги, професионалци, домаќинки или нечија поддршка.
Туку едноставно – жени.

„Промената започнува во моментот кога ќе одлучиш да не се откажеш од себе“: Инспиративната приказна на Марина Петровска, велнес-консултант и ментор

И токму таа енергија што се создава на овие средби ми е една од најубавите работи.
Од една мала работилница почнуваат разговори, нови познанства, пријателства, идеи и понекогаш желба да направиме нешто повеќе заедно.
Затоа што кога жените ќе се соберат без натпреварување, без осудување и со желба да се поддржат една со друга, се создава една посебна енергија.

Најголемиот подарок што можеме да си го дадеме

И можеби токму тука е суштината на грижата за себе.
Не е само во тоа како изгледаме.
Туку и во тоа како се чувствуваме.
Дали сме исполнети.
Дали имаме време за себе.
Дали сме опкружени со луѓе со кои можеме да бидеме свои.
Дали имаме нешто што нè радува и нешто кон кое се движиме.
И затоа денес, кога ќе видам жена која доаѓа на работилница можеби уморна, со илјада обврски во глава, а си заминува насмеана и со поинаква енергија, знам дека направила нешто многу важно.
Одвоила време за себе.
А можеби тоа е најголемиот подарок што можеме да си го дадеме.
Затоа, следниот пат кога ќе ја направиш својата листа со сите оние што треба да ги згрижиш, да им помогнеш и да им посветиш време…
застани за момент и прашај се:
„А каде сум јас на оваа листа?“
Бидејќи грижата за себе не е себичност.
Таа е начин да си покажеме дека и ние сме важни.

Направете го првиот чекор – пишете ѝ на Марина за совет, консултација и насоки.

Instagram: marina_healthyhabitscoach

Facebook: marina.petrovska.10

Марина Петровска, велнес-советник: Зошто многу жени не можат да ослабат иако се трудат?

Слични објави

(Фото+видео) Јаков Јозиновиќ објави фотографии од летувањето: „Најдобар одмор досега, со пријатели“

Еспресо

(Фото) Рушка Јакиќ го покажа своето лице без шминка во деветтата деценија од животот

E.A.

Ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ го оперираше носот?

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ блеска после одморот со својот партнер Лазар Ристовски – актерката се пофали со промената на изгледот

Еспресо

„Најважно ми е да имам време за моите деца“: Ребека Јанковска-Ристески за луѓето што остануваат и моментите што се скапоцени

Еспресо

(Фото) Влада Вуксановиќ повторно е „најпосакуваниот ерген“ на Балканот — го покажа извајаното тело по разводо

Еспресо
Се вчитува....